Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на шпанскиот гигант Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека нема посебна причина зошто Лука Јовиќ и уште неколку фудбалери на тимот не добиле шанса на натпреварот против Атлетик Билбао во шпанскиот Куп.
Италијанскиот тренер реши да игра без класичен напаѓач против Атлетик Билбао и тоа се покажа како грешка во завршницата на натпреварот. Јовиќ остана на клупата покрај Азар, Бејл, Себаљос, Ваљехо и другите.
„Тони Крос беше изморен, како и Винисиус. Сакав да направам измени во продолженијата, но не стигнавме до таму. Немам што да кажам, нема казнети фудбалери. Немаме напаѓач со квалитетот на Бензема“, кажа Анчелоти и му испрати јасна порака на Јовиќ.
Јовиќ имаше понуди оваа зима да замине од „Сантијаго Бернабеу“, но интересно е тоа што Анчелоти инсистирал да го задржи, а сепак не го користи на теренот.