Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона го доби денешното дерби против Атлетико Мадрид со 4-2 во Ла Лига, а тренерот на актуелниот шампион, Диего Симеоне смета дека неговиот тим имал повеќе шанси од каталонскиот гигант и требало да слави.
Се очекуваше Симеоне да излезе лут пред новинарите, но во неговите зборови такво нешто не можеше да се почуствува.
„Барселона имаше четири шанси и ги искористи. Доколку ние погодевме сè што имавме, сигурно ќе се случеше пресврт“, кажа Симеоне.
Неговиот колега Чави Ернандез кажа дека денешната победа се издвојува во однос на другите, а потоа застана во одбрана на Осман Дембеле, кој беше исвиркуван од навивачите.
„Апелирам до навивачите да се воздржат и да не го исвиркуваат Дембеле. Тој и понатаму е дел од тимот. Пред исклучувањето на Дани, натпреварот беше перфектен“, вели Чави.