Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кинеската тенисерка Пенг Шуаи привлече големо внимание пред неколку месеци, откако објави дека била принудена на се*с со познат политичар во Кина, по што исчезна и долго време не се појавуваше во јавност, за на крајот да каже во интервју со „Л’Екип“ дека тоа не било вистина.
Пенг тврди дека големата загриженост на јавноста за нејзината безбедност е поради „големо недоразбирање“ и ги негираше обвинувањата дека познат политичар ја принудил на интимни односи.
Во текот на интервјуто не се добиени одговори на некои важни прашања за првичните обвинувања и дали таа имала проблеми со кинеската Влада, откако го кажа тоа во јавност.
„Се*суален напад? Никогаш не сум кажала такво нешто. Таа објава создаде големо недоразбирање. Мојата желба е да не се разбере погрешно тоа што сум го кажала“, вели Пенг за францускиот медиум.