Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома загуби од Интер со 0-2 во италијанскиот Куп и така доживеа елиминација, а тренерот Жозе Мурињо беше пречекан на најдобар можен начин од неговиот поранешен клуб.
Навивачите на Интер никогаш нема да заборават дека Мурињо му ја донесе тројната круна на тимот во кој тогаш играше и поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев.
„Начинот на кој бев примен од Интер и навивачите беше емотивен. Им се заблагодарувам и пак ќе повторам дека мојата врска со нив е вечна. Дојдов да победа за Рома, но не успеавме да го оствариме нашиот план. Имавме одлични шанси, меѓутоа Интер беше подобар противник и заслужи да игра во полуфинале на Купот“, кажа Мурињо.
Мурињо до крајот на сезоната ќе има за задача да ја врати Рома во топ-4 и да обезбеди место во Лига на шампиони (ЛШ), иако тоа засега не му оди најдобро.