Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот напаѓач Габриел Мартинели е еден од најталентираните фудбалери на Арсенал, но очигледно мора да поработи на неговата контрола на емоциите за да не му се случи нешто слично како на дуелот против Вулверхемптон (1-0).
Мартинели одигра солиден натпревар, но во 69. минута ги згуби нервите и го доби најглупавиот црвен картон за оваа сезона.
Сè се случи за само пет секунди, откако судијата Мајкл Оливер го казни Мартинели со два жолти картони за два глупави потези на Бразилецот, по што тренерот Микел Артета не можеше да повредува што се случи на теренот.
Мартинели прво му пречеше на Даниел Поденс при изведување на аут, а потоа при враќање во одбраната направи прекршок врз Нелсон Семедо и така заработи исклучување.