Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Челси го освои Светското клупско првенство откако славеше во финалето против бразилски Палмеирас со 2-1 и така испиша историја затоа што се закити со трофејот кој им недостигаше во богатата колекција.
Германскиот тренер Томас Тухел беше на клупата на Челси во финалето, откако го победи ковид-19, па ги предводеше „сините“ до триумф по продолженија со 2-1.
„Некогаш е потребна среќа. Меѓутоа, никогаш не престанавме да се бориме. Се трудевме до крајот. Во соблекувалната зборувавме дека сите ни се љубоморни поради успехот. Конечно си го остваривме сонот и победивме во финалето“, кажа германскиот тренер.
Головите за Челси ги постигнаа Ромелу Лукаку во регуларниот дел, додека Каи Хаверц во 117. минута даде погодок од пенал.