Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ви текот на нередите во Сао Паоло меѓу навивачите на Палмеирас настрада едно лице. Финалето меѓу бразилскиот тим и Челси на Светското клупско првенство заврши со победа на екипата од Лондон, но надвор од стадионот се водеше голема војна.
Илјадници навивачи се собраа пред стадионот на Палмеирас за да ја гледаат големата драма во која славеше лондонскиот тим со погодок во 117. минута.
Полицијата за починатото лице кажа дека бил затворски чувар, кој таа вечер не бил на должност, а засега не е познато кој го застрелал.
„Се случила тепачка меѓу навивачите, при што еден маж е застрелан со огнено оружје“, соопштија од полицијата.
Едно лице е уапсено во текот на нередите, а полицијата мораше да употреби солзавец и гумени куршуми за да ги избрка хулиганите.