Безобразен ривал го изнервира Кварезма, па тој зема во раце да го исфрли од терен!

Познатиот португалски фудбалер Рикардо Кварезма во текот на кариерата имаше многу груби потези, па поради тоа никогаш не го оствари целосниот потенцијал и не изгради богата кариера.

Кварезма правеше многу глупости на фудбалскиот терен, а никогаш не можеше да трпи неправда и тоа го покажа на мечот меѓу Гимараеш и Белененсес.

Фудбалерот на домашниот тим, Соуза во судиското надополнување се обиде да украде време со тоа што лежеше на теренот, а тоа не му се допадна на Кварезма, кој реши да реагира и да го исфрли противникот од теренот.

Кварезма го крена противникот во раце и го носеше неколку метри, но останатите го запреа, па искусниот фудбалер го пушти ривалот, а потоа заработи и жолт картон.