Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино пред натпреварот против Манчестер Сити изјави дека неговиот клуб сака да го направи најдобар тим на светот.
Тотенхем во последните неколку години има посотјан напредок, а во моментов се наоѓа на второто место на табелата во Премиер лигата. Ако можеме да му веруваме на Покетино, тоа не е ништо во споредба со она што тој сака да го направи во иднина.
„Тотенхем сака да стане еден од најдобрите, ако не и најдобар клуб на светот. Ние го знаеме начинот на кој ќе го направиме тоа“, изјави одличниот стратег.
Потсетуваме, Тотенхем минатата сезона ја заврши на третото место, иако до пред самиот крај се бореше за титулата, а скоро сите фудбалери на овој тим се репрезентативци на своите земји.
Мечот со Сити во рамите од 7. коло во Премиер лигата ќе биде најголем тест за Тотенхем оваа сезона и со тоа би можело да се докаже колку е клубот од „Вајт Харт Лејн“ блиску, односно далеку од најсилниот тим во мометнов во Англија, екипата која ја предводи Пеп Гвардиола.