Вардар се засили со Бенјамин Дамир за вториот дел од сезоната!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски тим Вардар го промовираше последното засилување пред предизвиците од пролетниот дел од сезоната, а тоа е Бенјамин Дамир.

Поранешниот младински репрезентативец доаѓа од екипата на ФК Скопје, па ќе се обиде да им помогне на „црвено-црните“ во остварување на амбициите, односно враќање во македонската Прва лига.

„Бенјамин Демир е последното засилување за нашата екипа пред продолжението на пролетниот дел од сезоната. Офанзивниот крилен фудбалер ни доаѓа од ФК Скопје, а кариерата ја почна во  нашата младинска школа“, соопштија од Вардар.

Вардар го игра првиот меч од пролетниот дел на сезоната в сабота од 14 часот против Охрид.