Дури и Гвардиола се восхитува на еден тим од Премиер лигата

    Фудбалерите на Манчестер Сити играат одлично на почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

    По првите шест кола, тимот кој го предводи Пеп Гвардиола има максимален ефект и се наоѓа на првото место на табелата. Зад нив е тимот на Тотенхем, кој има само четири бода помалку.

    Токму овие две екипи ќе се сретнат во Лондон, но Пеп Гвардиола пред овој натпревар го пофали својот противник.

    „Тоа е екипа која сака да игра и да доминира. Да, би сакал да играм како Тотенхем. Покетино го знам уште како играч, а денеска е еден од најдобрите менаџери во светот“, изјави Гвардиола.

    Утрешното големо дерби во Премиер лигата започнува од 15:15.