Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот шампион во Ф1, Макс Ферстапен ќе потпише нов договор со Ред Бул, еден од најскапите во историјата на спортот, кој ќе вреди меѓу 40 и 50 милиони евра годишно.
Холандски „Телеграф“ објави дека возачот е пред потпишување на повеќегодишен договор за да остане во Ред Бул по 2023 година.
Се очекува да стави потпис на петгодишен договор, според кој ќе заработува до 50 милиони евра, а тоа ќе биде еден од најскапите во историјата во Ф1.
Директорот на Ред Бул, Хелмут Марко кажа минатиот месец дека компанијата е во преговори со Ферстапен за нов договор.
Ферстапен минатата сезона во луда трка во Абу Даби стигна до шампионската титула, која е прва во неговата кариера.