Ф4 во Евролигата ќе се одржи во Белград!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српските медиуми најавија пред неколку дена, а официјална потврда стигна и од раководството на Евролигата, кое реши организатор на Ф4-турнирот за сезоната 2021/22 да биде Белград.

Домаќин за четирите најдобри тимови во Европа требаше да биде Берлин, но поради мерките за ковид-19 во Германија, Евролигата се премисли и реши да го префрли турнирот во главниот град на Србија.

Полуфиналните дуели се на програмата на 19 мај од 18 и 21 часот, додека средбата за трето место ќе се одржи на 21 мај во 16 часот, а пресметката за титулата ќе биде од 19 часот.

Главниот град на Србија пред четири години беше домаќин на истиот турнир, кога Реал Мадрид ја освои шампионската титула.

„Белград во моментов е најдобра алтернатива на Берлин. Должиме голема благодарност до градот. Очекуваме спектакуларен турнир“, вели Жорди Бартомеу, првиот човек на Евролигата.