Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд размислува да замине од клубот поради тоа што не добива доволно голема минутажа кај тренерот Ралф Рангник.
Англиските медиуми пишуваат дека Рашфорд не е задоволен со статусот и сака да замине од клубот бидејќи одигра само два натпревари како стартер од декември минатата година, а дури шест пати беше замена.
Рашфорд со Јунајтед има договор до 2023 година, а клубот има опција да ја продолжи соработката на уште една сезона.
Овој 24-годишен фудбалер сака да замине на лето, а засега не е познато каде би ја продолжил кариерата, иако сигурно ќе привлече интерес од многу гиганти.
Рангник, од друга страна, нема уште долго да остане на клупата на Манчестер, а најверојатно негова замена ќе биде Маурицио Покетино.