Левандовски се откажа од милиони евра: Заедно сте со Русија? Ништо не сакам со вас!

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски ја прекина соработката со „Хуавеи“, втората најголема мобилна компанија во светот.

Кинеската компанија, наводно, ја поддржува Русија поради што Левандовски реши да ја прекине соработката и да загуби неколку милиони евра.

Британски „Дејли Мејл“ објави дека Кинезите се на страната на Русија и помагаат во одбраната од сајбер нападите врз Русите.

„Хуавеи“ веќе објави соопштение во кое остро ги демантира шпекулациите на „Дејли Мејл“, иако фудбалерот засега молчи и не кажува дали е прекината соработката, која беше потпишана на три години и му гарантираше пет милиони евра по сезона.