Челси ќе остане без пет големи ѕвезди поради санкциите од В. Британија

Премиерлигашот Челси се соочува со големи проблеми поради санкциите од Велика Британија кон рускиот милијардер Владимир Путин, па така не може да потпишува нови договори, ниту да прави трансфери, а ќе загуби и дел од спонзорите.

Ова значи дека пет фудбалери на лето си заминуваат од англискиот гигант, а тоа се Цезар Аспиликуета, Андреас Кристенсен, Антонио Рудигер, Саул Нигез и Чарли Мусонда, кои имаат договори до крајот на сезоната.

Од оваа криза во Лондон ќе профитира Барселона, која може да ги добие Аспиликуета и Кристенсен целосно бесплатно, додека Саул ќе се врати во Атлетико Мадрид, а засега не е познато каде ќе игра Рудигер, иако се шпекулираше дека ќе потпише за Реал Мадрид.