Емотивно: Јармоленко постигна гол, па се расплака за Украина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Украинскиот фудбалер Андриј Јармоленко ги пропушти последните четири меча за Вест хем поради нападот на Русија врз Украина, а враќањето на теренот ќе го памети до крајот на животот.

Јармоленко минува низ тежок период, како и неговите сонародници, а на неговото враќање на теренот успеа да постигне гол во победата против Астон вила (2-1).

Сепак, тоа што привлекува внимание е прославата на Украинецот, кој ги крена рацете кон небото, по што падна на колена и почна да плаче.

Голманот на Вест хем, Лукаш Фабијански беше единствен кој не се приклучи на прославата на голот, но му честиташе по крајот на мечот.

„Гол за Вест хем и Украина“, кажа голманот на екипата од Лондон.