Ептен бизарна сцена во НБА: Сите во салата беа изненадени од тоа што се случува на паркетот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Необична сцена се случи синоќа на мечот во НБА-лигата меѓу Оклахома сити тандер и Мемфис гризлис.

Овој меч почна со задоцнување од неколку минути поради бизарна причина, а тоа е дека двата тима се појавија на паркетот во бели дресови.

Кога забележаа дека станува збор за недоразбирање, следеше вистинско шоу. Кошаркарите и навивачите се насмеаа на тоа што се случува, а потоа играчите на Мемфис заминаа да облечат сини дресови.

Овој дуел на крајот заврши со победа на Мемфис од 125-118, а најдобар кај гостите беше Дезмонд Бејн со 21 поен, додека на спротивната страна Базли даде 29 поени.