Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер јунајтед вечерва испаднаа од Атлетико Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).
Во првиот меч во Мадрид резултатот беше 1-1, но вечерва Атлетико на „Олд Трафорд“ оствари голема победа и ќе игра уште едно четвртфинале во ЛШ.
Мечот почна добро за домаќините, кога Бруно Фернандеш по 12 минути испрати одличен центар-шут, а Еланга испрати удар, но Облак му одбрани со глава.
Жоао Феликс погоди во мрежата на Манчестер во 34. минута, но сепак голот беше поништен поради недозволена ситуација.
Лоди потоа конечно ја затресе мрежата на Јунајтед за водство од 1-0, кое Атлетико успеа да го одбрани до крајот, иако домаќините имаа шанси, но Облак беше на висина на задачата.