Мегваер за малку ќе му ги скршеше забите на Роналдо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најскапиот дефанзивец во светот, Хари Мегваер игра ужасно веќе долго време и поради тоа често го критикуваат навивачите, но и тренерот Ралф Рангник не е задоволен од неговата игра.

Манчестер јунајтед вчера загуби од Атлетико Мадрид со 0-1, а како главен виновник за поразот навивачите го прогласија Мегваер.

Дефанзивецот на „црвените ѓаволи“ повторно се најде на удар на критика по синоќешниот пораз на Јунајтед, кој значеше и елиминација од Лигата на шампиони (ЛШ), а со неговите катастрофални потези за малку ќе настрадаше и Кристијано Роналдо.

Мегваер со глава удри директно во забите на Роналдо, па Португалецот може да биде среќен што не остана без нив.