Клоп загрижен: Ливерпул загуби важен фудбалер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул во средата го совлада Арсенал со 2-0 и дојде на само еден бод негатива зад Манчестер сити во Премиерлигата.

„Црвените“ триумфираа во Лондон со 2-0, и покрај тешкиот предизвик, а цел меч го одигра Александер-Арнолд кој се пожали на повреда во завршницата.

Во прв момент повредата не изгледаше сериозно, но по деталните прегледи беше откриено дека ќе мора да паузира одреден период.

Тренерот Јирген Клоп пред мечот во ФА-купот против Нотингем ги потврди лошите вести за навивачите.

„Немаме добри вести. Тој ќе паузира поради повреда. Нема да оди на собирот на репрезентацијата и ќе видиме колку време ќе му треба за да се рехабилитира“, кажа Клоп.