Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фенербахче го исклучи Месут Озил од екипата поради непотврдена причина на неодреден период, но сепак има шпекулации во турските медиуми дека таква реакција пристигнала од тренерот поради физичката неподготвеност на поранешниот германски репрезентативец.
Турскиот клуб соопшти дека Озил и неговиот колега Озан Туфан се суспендирани и почната е постапка против нив.
Озил постигна осум голови во првенството и беше капитен на тимот од Истанбул, меѓутоа сега го чека пауза.
По 30 одиграни меча во Суперлигата, Фенербахче е трет на табелата со 13 бодови помалку од лидерот Трабзонспор и два помалку од второпласираниот Коњаспор.