Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот херој Александар Трајковски е човекот кој ѝ пресуди на Италија во 92. минута во полуфиналето на баражот за пласман на Светското првенство (СП).
На социјалните мрежи се појави видео-анализа која покажува дека неговиот гол не е случајност бидејќи тоа е негова „омилена позиција“ на „Ренцо Барбера“, каде што играше неколку години за Палермо.
Трајковски настапуваше четири години за поранешниот калчолигаш и може да се погледне дека македонскиот напаѓач од истата позиција има постигнато повеќе голови за Палермо.
Македонија го урна европскиот првак и избори меч против Португалија, а победникот од таа средба ќе игра на Мундијалот во Катар на крајот на оваа година.
ФОТО: ФФМ