Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За околу два месеци ќе се разделат Марсело и Реал Мадрид по 15 ипол години. Бразилецот останува без договор, а со оглед на тоа дека на 12 мај полни 34 години, тој нема да добие нова соработка.
Местото на стартер веќе трета сезона го има Ферлан Менди, кој пристигна од Лион во 2019 година за 48 милиони евра, но оваа година има голем број на проблеми.
Поради тоа „кралевите“ се обидуваат да му пронајдат конкуренција на Менди, а тука е 20-годишниот Мигел Гутиерез кој добиваше шанса кај Зиинедин Зидан, но и кај Карло Анчелоти.
Станува збор за талентиран фудбалер, кој најверојатно ќе биде испратен на позајмица, по што ќе се врати во екипата.
Втора опција е две години повозрасниот Фран Гарсија, исто така дете на клубот, но половина од неговиот договор е на Рајо Валјкеано, па Реал Мадрид можеби ќе треба да го откупи целосно од нивниот ривал.