Роналдо претпазлив: Мора да внимаваме, Македонија има организирана екипа!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо го најави дуелот на својата репрезентација против Македонија, кој се игра во вторник од 20.45 часот.

Португалија ја совлада Турција со 3-1 да избори финале во баражот, додека Македонија беше подобра од Италија со 1-0.

„За нас ова е важен натпревар. Го почитуваме противникот, кој знае да изненади. Притисокот секогаш постои, сакаме да победиме и да одиме на Мундијалот во Катар, но ќе биде многу тешко. Ако Македонија е тука, тоа е затоа што заслужува. Македонците се организирани, но ние мора да играме на највисоко ниво за да обезбеди место на Светско првенство“, вели Роналдо.