Порто е „црвено-жолт“: Ечат македонски песни во Португалија (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Порто игра историски меч против Португалија за место на Мундијалот во Катар.

Фудбалерите ќе имаат голема шанса да испишат историја, а во тоа ќе се обидат да им помогнат македонските навивачи кои создадоа одлична атмосфера во Порто.