Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи заедно со Елиф Елмас славеше против Аталанта и остана во битката за титулата во Серија А, но победата од 3-1 остана во сенка оа расистички напади кон Калиду Кулибали.
Еден навивач на Аталанта го навредуваше Кулибали на расна основа, па денеска фудбалерот на Аталанта, Мартен де Рон му се извини на противникот преку социјалните мрежи.
„Тажен сум поради тоа што постои расизам во фудбалот. Во име на навивачите на Аталанта и луѓето од Бергамо сакам да му се извинам на Кулибали“, напиша Де Рон.
Ова не е првпат Кулибали да доживее слични навреди затоа што вакво нешто му се случи и против Верона, а често страдаат и други фудбалери, меѓу кои Мајк Мењан и Фикајо Томори од Милан.