Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кривичниот суд во Скопје објави дека момчето и девојката кои беа уапсени поради физички напад врз хрватскиот ракометар Денис Тот добија 30-дневен притвор.
Полицијата ги уапси А.К. (22) и К.Л. (19) кои биле снимени на камерите од „Сејф Сити“ како го напаѓаат Тот, кој не давал отпор.
„Постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје, судија на претходна постапка донесе решение да го прифати предлогот на обвинителството и на двајцата приведени им одреди мерка притвор, заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата“, соопштија од Кривичениот суд.
Тот почина за 24 часа откако во КАРИЛ бил примен во тешка состојба и не успеаа докторите да му го спасат животот.