Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дуелот кој можеше да ја реши трката за титулата во Англија на крајот заврши без победник, па така Манчестер сити и Ливерпул одиграа 2-2.
Одлично почна дуелот за домаќините кои стигнаа до водство преку Кевин Де Брајне (1-0), додека одговор од Ливерпул стигна само осум минути подоцна преку Диого Жота.
Во остатокот од првото полувреме „граѓаните“ беа подобар противник и Габриел Жесус стрелаше за 2-1, но по паузата Садио Мане стрелаше за 2-2.
Сити потоа преку Стерлинг погоди за 3-2, но ВАР го поништи голот и на крајот немаше повеќе погодоци, па резултатот остана 2-2.
Манчестер сити останува лидер со еден бод повеќе од Ливерпул, па ги очекува тешка битка до крајот за трофејот.