Левандовски си оди од Баерн Минхен, а веќе избрал нов тим?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски планира да го напушти Баерн Минхен, откако не се договори за продолжение на соработката со бундеслигашот.

Левандовски својата одлука му ја соопштил на извршниот директор на клубот, Оливер Кан, но тој има договор до 2023 година и не е познато дали Барселона ќе тргне по неговиот потпис ова лето.

Полјакот наводно сака да игра во каталонскиот гигант, откако се разочара од потегот на управата на бундеслигашот дека не се потрудиле доволно за да го задржат.

Тренерот Чави би можел да добие еден од најдобрите напаѓачи во светот, а Левандовски на 369 денари за Баерн постигна 340 голови, па без сомнеж ќе биде добро засилување за Барселона.