Вестбрук за катастрофата на Лејкерс: Не сум виновен, не ми дадоа вистинска шанса…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс создаде одлична петорка и имаше големи планови, но на крајот доживеаа катастрофа и останаа без пласман во плејофот.

Јавноста како еден од главните виновници го гледа Расе Вестбрук, кој играше очајно оваа сезона и во просек постигнуваше по 18,5 поени, 7,4 скокови и 7,1 асистенција.

„Голема штета е ова, никогаш досега не сум имал проблем со тренерите. Не знам дали беше моја вина или имаше друга причина, но верувам дека не добив вистинска шанса за настап. Се борев против сите приказни за да се вклопам во тимот“, кажа Вестбрук.

Вестбрук допрва треба да донесе одлука дали ќе остане и следната сезона во Лејкерс.