Бензема ретко бара дрес од ривали, но синоќа изненади ѕвезда на Челси (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид се изборија за место во полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а јунак на „кралевите“ беше Карим Бензема.

Францускиот напаѓач ретко на крајот на мечот од противниците бара дрес, но тоа го направи синоќа и сите ги изненади.

Многумина беа изненадени кога му пријде на Рис Џејмс и побара да ги заменат дресовите, а на тоа се согласи и десниот бек на Челси.

Англиските медиуми се воодушевени со потегот на Бензема и порачаа дека тоа е најдобар знак за тоа што го направил Џејмс за време на натпреварот.