Наполи сè подалеку од Скудетото: Инсиње се расплака по ремито со Рома (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи одигра 1-1 против Рома во денешното дерби и тоа ја одалечи екипата на македонскиот фудбалер Елиф Елмас од борбата за Скудетото.

Лоренцо Инсиње постигна гол за водство во 11. минута, но Ел Шарави се погрижи за да ги расплаче домаќините и погоди за 1-1 во 91. минута.

Инсиње по крајот на сезоната ќе си замине од Наполи, а се надеваше дека претходно ќе го освои Скудетото, но сепак таа желба најверојатно ќе остане неисполнета.

Камерите го снимија Инсиње како шета нервозно по теренот и ги брише солзите по натпреварот со клубот од Рим.