Крос ја одби понудата за нов договор со Реал Мадрид зашто веќе избрал нов тим!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Германскиот фудбалер Тони Крос е еден од најважните членови на Реал Мадрид, но не сака да остане во шпанскиот гигант.

Крос стигна во Мадрид во 2014 година за 25 милиони евра и се покажа како огромно засилување за „кралевите“.

Шпанските медиуми објавија дека Крос добил понуда за нов договор, но решил да ја одбие бидејќи соработката му трае до 2023 година.

Реал му нудел нов едногодишен договор до 2024 година, но Крос сакал соработка до 2025 година и не можел да се договори со управата. Поради тоа Германецот ги разгледува своите опции и се шпекулира дека би можел да се пресели во Манчестер сити.