Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал славеше против Манчестер јунајтед со 3-1 во фантастичен меч од 34. коло во англиската Премиерлига.
Почетокот на мечот беше како од соништата за домаќинот, кој постигна гол преку Таварес, откако Де Хеа претходно му одбрани на Сака.
ВАР-технологијата се активираше во 28. минута, кога Нкетија погоди, но му беше поништен голот порад офсајд, сепак Арсенал доби пенал кој го реализираше Сака.
Само две минути потоа Јунајтед го возврати ударот преку Кристијано Роналдо (2-1), но судбината на „ѓаволите“ ја запечати Џака во 70. минута.
Арсенал по оваа победа има 60 бода на четвртата позиција, односно два помалку од Челси, но и три повеќе од Тотенхем. Јунајтед е шести со 54 бода.