Валверде: Манчестер сити е голем тим, но кога го носиш дресот на Реал, имаш одговорност да освоиш сè!

Реал Мадрид вечерва гостува во првиот меч од полуфиналето кај Манчестер сити во Лигата на шампиони (ЛШ), а двете екипи ќе се борат до последниот судиски свиреж за да дојдат чекор поблиску до трофејот.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде кажа дека Манчестер сити е голем тим, но сепак да се носи дресот на шпанскиот гигант значи да се победи во секој дуел.

„Ние сме Реал Мадрид и се соочуваме со различни ситуации, имаме карактер и голема обврска. Манчестер сити е голем тим, но кога го носиш дресот на Реал, имаш одговорност да освоиш сè“, вели Валверде.