Ривалот на Јокиќ во трката за МВП заработи сериозна повреда!

Кошаркарот на Филаделфија пејсерс, Џоел Ембид доживеа повреда поради која ќе мора да паузира одреден дел од сезоната.

Ембид скрши коска во близина на окото и доживеа потрес на мозок во шестиот меч против Торонто репторс, па така ќе мора да го пропушти првиот дуел во полуфиналето на Истокот.

„Чувствувам како да ми е скршено лицето, ова е сериозна повреда. Сепак, се очекуваат вакви работи“, кажа Ембид по повредата.

Ембид беше најдобар кошаркар на Филаделфија во серијата против Репторс, а во текот на меѓусебните пресметки во просек постигнуваше по 26,2 поени и 11,3 скокови.