Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ секогаш знае да направи шоу, па така беше и во текот на Србија Опен, но и на средбата со познатиот јутјубер Трики.
Ѓоковиќ одигра една партија кошарка со познатиот јутјубер, кој е познат по неговите импресивни трикови со топка.
Трики на крајот славеше со 10-9 и тоа откако успеа да му ја турне топката меѓу нозе на Ѓоковиќ.
„Ѓоковиќ е цар. Покрај тоа што е најдобар тенисер во светот, тој е неверојатен човек, јас не можам да верувам. Поминував покрај него, на неколку метри додека даваше интервју, по што наеднаш ме повлече за раме и ми кажа: Ајде да играме кошарка, сега ќе ти ги скршам нозете“, открива Трики.