Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома вчера избори финале во Конференциската лига, а ривал во Албанија ќе ѝ биде Феенорд. Италијанскиот клуб вчера го победи Лестер со 1-0 и со вкупни 2-1 обезбеди борба за титулата.
За екипата од Рим ова беше прво финале во европско натпреварување по 31 година, а Мурињо доби шанса да освои уште еден европски трофеј по освоената Лига на шампиони (ЛШ) со Порто и Интер, како и Лига Европа со Манчестер јунајтед.
„Имав и поголеми моменти од ова, но не се чувствувам вака само поради себе, туку и поради останатите луѓе и фудбалери. Ова за нас е Лига на шампиони. Почнав да плачам затоа што тоа беше моја емоција за сите кои го сакаат клубот“, кажа Мурињо.
Мурињо ја презема Рома во мај минатата година, па засега му оди солидно во гигантот од Рим.
José Mourinho in tears after reaching the Conference final. Might not be the biggest final in his career, but man does this show how much he loves the game. Imagine not loving this man. pic.twitter.com/ZNXoAGqzOq
— Xav Salazar (@XavsFutbol) May 5, 2022