Официјално: Артета стави потпис на нов договор со Арсенал

Арсенал потпиша нов договор со тренерот Микел Артета, кој ќе остане во екипата од Лондон најмалку до 2025 година.

Артета одлично го предводи неговиот тим и е на добар пат да обезбеди место во Лигата на шампиони (ЛШ) за следната сезона.

По шест години пауза Арсенал би можел да се врати во елитата, а летово Артета сака да ангажира неколку засилувања и следната сезона да се вклучи во битка за титулата.

„Возбуден сум и среќен. Сакаме да го однесеме тимот еден чекор погоре и да се натпреваруваме со најдобрите европски тимови. За да го оствариме тоа, мора да играме во Лигата на шампиони, а верувам дека сме на добар пат“, кажа Артета.