Шпанското чудо од дете го урна и Ѓоковиќ во Мадрид


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Неверојатниот Карлос Алкарез се пласираше во финалето на турнирот во Мадрид, откако го совлада Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови, односно 6-7, 7-5 и 7-6.

Шпанецот вчера го елиминираше Рафаел Надал, а денеска го изненади Ѓоковиќ, иако српскиот тенисер понуди одличен тенис.

Ѓоковиќ беше убедлив во тај-брејкот во првиот сет, но потоа Алкараз играше одлично и направи брејк за да израмни на 1-1 во сетови, по што во третиот сет се водеше голема битка и на крајот младиот Шпанец излезе како победник.