Арсенал има повеќе пари од Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Финансискиот извештај на Арсенал излезе и потврди дека тимот нема проблеми со буџетот.

    Во моментов, во сметката на лондончаните имаат цели 226,5 милиони фунти, што е повеќе од билансот на Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен.

    „Топчиите“ сепак се уште се зад Манчестер Јунајтед чија сметка изнесува 229 милиони фунти.

    „На крајот на годината нашиот биланс изнесува 226,5 милиони фунти и тоа несомнено ќе предизвика шпекулации од страна на навивачите и медиумите. Должен сум да кажам дека откако ќе ги расчистиме долговите кон другите тимови за стратите трансфери и покриеме се што е потребно, износот ќе падне на 149 милиони фунти“, изјави Чипс Кесуик, претседателот на Арсенал.

    „Сепак, ние не само што дадовме 90 милиони фунти за трансфери, имаме дадено доста пари за плати и премии“, додаде Кесуик.

    Арсенал во моментов е во одична форма во Премиер лигата отако врза 5 победи во низа со гол разлика 13-3.