Чеферин: Постои можност да ги исфрлиме Јувентус, Барселона и Реал Мадрид од ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин во интервју за „Л’Екип“ кажа дека Европската куќа на фудбалот ги држи сите конци во свои раце и јасно е дека Реал Мадрид, Јувентус и Барселона ќе бидат санкционирани ако не се откажат од идејата за Суперлига.

Чеферин кажа дека идејата за Суперлига не е добра за никого и сите треба да се посветат на натпреварувањата кои постојат и се одржуваат под водство на УЕФА.

„Постојано сум под притисок. Меѓутоа, Суперлигата не е добра и ставивме точка на тоа. Направивме промени во ЛШ за да ги задоволиме сите и да воведеме нови работи“, вели Чеферин.

Тој кажа дека Реал, Барселона и Јувентус мора да се откажат од Суперлигата, инаку ќе бидат исфрлени од ЛШ.