Кјелини ќе си замине од Јувентус на крајот на сезоната

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини најави дека ќе го напушти тимот од Торино за кој настапува од 2005 година.

Кјелини освои 19 трофеи со Јувентус, а заминување најави по поразот од Интер со 2-4 по продолженија во Купот на Италија.

Искусниот фудбалер својот последен меч за репрезентацијата на Италија ќе го одигра на 1 јуни против Аргентина, а засега не знае дали ќе ја заврши кариерата.

„Не знам, морам да разговарам со семејството. Среќен сум што заминувам и им давам простор на помладите. Тоа е мој избор“, кажа Кјелини.

Кјелини со Јувентус освои девет шампионски титули во Италија, пет во Купот и пет во Суперкупот.