Го бараат неколку европски гиганти, но тој реши да му остане верен на Дортмунд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Борусија Дортмунд летово направи еден од најголемите трансфери и го продаде Ерлинг Халанд на Манчестер сити, а во медиумите се шпекулира дека ќе замине и талентираниот Џуд Белингам.

Белингам беше интересен за Ливерпул и Манчестер јунајтед, но англискиот репрезентативец реши да ги земе работите во свои раце и да ги реши дилемите.

Дортмунд плати 25 милиони фунти за да го купи од Бирмингем пред две години, а Англичанецот се покажа како фантастично засилување и сезонава постигна шест гола и 11 асистенции.

„Фокусиран сум на Дортмунд, размислувам само за следниот меч на мојот тим. Овде ќе бидам и следната сезона со цел да помогнам во остварување на подобри резултати“, кажа Белингам.