Левандовски доби примамлива понуда од Англија


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Роберт Левандовски не сака да го продолжи договорот со Баерн Минхен, па планот му е уште летово да си замине од германскиот шампион.

За неговите услуги е заинтересирана Барселона, која е во финансиски проблеми и не може да му понуди идеални услови.

Оваа ситуација сака да ја искористи Челси, кој наскоро треба да добие нов газда, кој планира да вложи многу пари за засилувања, па Левандовски може да биде едно од нив.

Полјакот игра одлично во дресот на Баерн и често беше блиску до „Златната топка“ во текот на кариерата, а сигурно би му се зголемиле шансите за таа награда ако потпише за Челси и блесне во Премиерлигата.