Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски има договор со Баерн Минхен на уште една година, но тој потврди дека сака да си замине летово.
Интерес за услугите на полскиот напаѓач постои од неколку тимови, меѓу кои се Барселона и Челси, но каталонскиот гигант е во предност, барем според германските медиуми.
„Билд“ објави детали од телефонски разговор на Левандовски, кој го слушнале неколку членови на тимот од Минхен.
Иако не го разбрале што зборува на полски, сепак препознале кога кажал „Барселона“, па најверојатно тоа ќе биде негов нов тим.
Левандовски стана еден од најдобрите фудбалери во историјата на Баерн, а само сезонава постигна 50 голови и седум асистенции на 46 настапи.