Анчелоти остави шестмина во резерва, двајца мора да отпише за финалето во ЛШ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва во Париз ќе го игра последниот меч во сезоната против Ливерпул, и тоа во рамки на финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Двата тима ќе се обидат да ги расчистат сметките од пред неколку години и да го освојат трофејот во елитното натпреварување.

Тренерот Карло Анчелоти пред ова финале реши да фудбалерите да одиграат меѓусебен меч, кој не траеше долго, но за шестмина немаше место на натпреварот и тие имаа само обичен тренинг.

Меѓу нив ќе бидат двајца кои вечерва нема да се во конкуренција за натпреваррот против Ливерпул, па Анчелоти ќе мора да реши кои ќе ги остави на трибините.

Финалето во ЛШ се игра вечерва во Париз од 21 часот.