Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид го победи Ливерпул со 1-0 во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) и го освои 14. трофеј во елитното натпреварување.
Тибо Куртоа денеска имаше повеќе обврски од вообичаено затоа што Ливерпул тргна фуриозно кон неговиот гол и се закани неколку пати, но сепак тој успеа да ги одбрани нивните удари.
Карим Бензема погоди за 1-0 во 45. минута, но голот му беше поништен поради недозволена ситуација, по што конечно гол за „кралевите“ постигна Винисиус Жуниор во 59. минута од средбата.
Ливерпул се обидуваше да стигне до израмнување, меѓутоа немаше среќа, а притоа пред себе фудбалерите на Јирген Клоп го имаа и расположениот Куртоа, кој запиша неколку добри интервенции.
Beautiful pass by Valverde & tap in by vinicius jr to make to
— SamNews (@Samnews101) May 28, 2022
1-0 for real madrid
In UCL Final.
HALA MADRID 👍👍#Liverpool #LiverpoolRealMadrid #uclhindi #UCLfinal pic.twitter.com/8mUZGe0JM0