Крос се изнервира: Имавте 90 минути и смисливте две глупави прашања? (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Херој на Реал Мадрид синоќа дефинитивно беше Тибо Куртоа кој не дозволи да прими гол, а единствениот погодок за шампионот притоа го постигна Винисиус Жуниор.

Премиерлигашот беше подобар противник во првите 45 минути, но сепак не успеа да го матира Куртоа.

По натпреварот Тони Крос доби две прашања од германски новинар, по што се изнервира и му одржа лекција.

„Имавте 90 минути и вие ги смисливте овие две глупави прашања? Две негативни прашања, веднаш може да се каже дека сте Германец“, кажа Крос.